40 илјади ученици нема да можат да следат „онлајн“ настава, ќе им ја пуштале на телевизија!

18.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
40 илјади ученици нема да можат да следат „онлајн“ настава, ќе им ја пуштале на телевизија!

На 1 октомври 40 илјади деца нема да ја започнат новата учебна година со учење од далечина. Лекции ќе мора да следат на телевизија, а државата материјали за учење ќе им достави дома. Ова е дел од решенијата во националната платформа за учење од далечина што денеска ја претстави Министерството за образование. Министерката Царовска вели – периодот пред почетокот на школската година е премногу краток за да се обезбедат поинакви решенија за учење преку Интернет.

Новата министерка за образование рече дека е загрижена за состојбата во образованието, а за тоа ги обвини своите претходници во последните 15 години.

Националната платформа за учење од далечина му овозможува на ученикот да ги гледа училницата и наставникот преку телефон или компјутер и ќе може да ги користи сите аудио и видео-материјали поставени на платформата и да пишува домашни задачи. На платформата се планираат квизови, тестови и друга иновативна содржина. Адаптирана е да работи на 5 јазици. За сите решенија учениците ќе можат да предложат подобрувања и промени.

АлсатМ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата