Унгарија има МАСКА СО 99,9% ЗАШТИТА

18.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Унгарија има МАСКА СО 99,9% ЗАШТИТА

Бидејќи вториот бран на пандемијата на коронавирусот веќе е во Унгарија, државата работи на тоа што полесно и побезбедно да помине, без да мора повторно да има затворање на граѓаните но и на границите. Унгарската компанија KC Struktur Kft за таа цел разви удобни и повеќекратни маски, што ќе им овозможат на луѓето безбедно да ги извршуваат своите обврски. Маската би обезбедила заштита дури и во најопасните периоди, објави Индекс.

Маските што се користат во моментот, дури и FFP2 и FFP3, не можат целосно да ги филтрираат ултра-ситните честички на вирусот што летаат во воздухот. Маската на KC е клинички и специфично тестирана за вируси и бактерии, за разлика од другите маски што се тестираат за филтрирање на прашина и полен. Нивниот филтер постигна 99,9% заштита во тестовите на вируси и бактерии помали од новиот коронавирус.

Маската овозможува безбедна работа дури и во вирусни средини. Компанијата им ги препорачува маските на лекарите, стоматолозите, вработените во јавните канцеларии и куририте, бидејќи филтерот чини само неколку стотици форинти и може да обезбеди 24  часа заштита дури и во болница, а може лесно да се замени. Маските се очекува да бидат достапни во октомври.

- Една од главните размислувања при дизајнирањето на маската беше дека не треба да биде непријатна и нејзиниот материјал не треба да ја иритира кожата. Направена е од хибриден силикон, така да кожата не страда од долготрајно абење, а благодарение на дизајнот по линијата на лицето, маската обезбедува удобно носење. Маската не мора да се фрла по носењето, може да се користи повторно по миење со средства за дезинфекција, така што не ја загадува околината. Сите делови на производот се изработени од материјал за повеќекратна употреба; како додаток, филтерот не мора да се уништува, тој може да се врати во компанијата. Поради високата отпорност на топлина, лесно се дезинфицира.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата