(ФОТО) Објавени фотографии од Емили Ратајковски од снимањето на кое била сексуално злоставувана

18.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ФОТО) Објавени фотографии од Емили Ратајковски од снимањето на кое била сексуално злоставувана

Една од најпознатите манекенки во светот, Емили Ратајковски (29) пред неколку дена го обвини фотографот Џонатан Ледер за сексуално злоставување кое наводно се случило во 2012 година во неговиот дом во планинскиот регион Катскилс во американската сојузна држава Њујорк.

Како што тврди Ратајковски, таа била злоставувана за време на неплатено снимање за списанието Дариус.

„Секогаш е забавно да ја видите вашата работа во печатена форма. Џонатан Ледер за списанието Дариус“, напишала манекенката покрај фотографиите што сè уште може да се најдат на нејзиниот профил.

Ратајковски го изнесе обвинението во подолг есеј кој го напиша за магазинот Њујорк, објавен во вторникот. Во него, манекенката тврди дека тогашниот нејзин менаџер ја испратил во домот на Ледер на неплатена снимање за списанието Дариус и дека овој ангажман барал да преспие во домот на агентот.

Манекенката вели дека по пристигнувањето дознала дека ќе се слика во долна облека. Сакајќи да се однесува позрело, тогаш 20-годишната Ратајковски го прифатила црвеното вино што Ледер ѝ го понудил во текот на вечерта.

„Научена сум дека е важно да се стекне репутација на добар работник кој не е пребирлив – напиша Ратајковски.

Манекенката тврди дека Ледер по снимањето во долна облека и рекол: „Ајде да пробаме сега без облека“.

„Истата секунда откако се соблеков, дел од мене се исклучи. Почнав да лебдам надвор од себе, гледав како се враќам на кревет. Го извив грбот и ги стиснав усните. Се концентрирав на идејата како би можела да изгледам. Блицот на фотоапаратот беше толку силен, а јас имав испиено толку многу вино што црните дамки пред моите очи почнаа да се зголемуваат – пишува Ратајковски.

Подоцна, кога мајсторот за шминкање, кој работел на снимањето заминал да спие, Ратајковски вели дека се чувствувала како да е целосно будна, но „многу, многу пијана“. Таа напиша дека таа и Ледер се покриле со ќебе на каучот и дека фотографот почнал да ја испрашува за момците со кои бил во врска.

„Повеќето од она што следеше, го паметам низ магла. Јасно ми е само тоа чувство. Не се сеќавам дека се бакнувавме, но се сеќавам дека неговите прсти одеднаш беа во мене. Поцврсто и поцврсто, туркајќи ги и туркајќи ги како никој претходно и никој после него. Навистина ме болеше. Инстинктивно го зграпчив неговиот зглоб и со сила го извадив од мене. Не реков ништо. Тој стана и тивко се повлече на горниот кат – пишува Емили.

Манекенката вели дека преспала во домот на Ледер и дека следниот ден се вратила дома со воз.

Кога репортерите на списанието Њујорк го повикале Ледер за да ги проверат информациите што Ратајковски ги изнела во есејот, тој рекол дека нејзините обвинувања се „премногу ефтини и детски“ за да одговори на истите. Потоа додал: „Дали сте свесни за кого зборуваме? Тоа е девојката која беше гола во списанието „Treats“ и која скокаше гола во спотот за песната „Blurred Lines“ од Робин Тик. Дали навистина сакате некој да верува дека таа била жртва?“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата