Бетон идентитетот на Заев се РАСПУКА ПРЕД БУГАРСКИТЕ АПЕТИТИ

18.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бетон идентитетот на Заев се РАСПУКА ПРЕД БУГАРСКИТЕ АПЕТИТИ

Бетонираниот идентитет за кој зборуваше премиерот Зоран Заев после потпишувањето на договорите со Бугарија и Грција, распука пред барањата на, како што тој го нарекува, неговиот пријател Бојко Борисов.

Договорот со Бугарија кој наводно беше за пријателство и требаше ни го гарантира јазикот и обезбеди идентитетот, а пред се да ги реши проблемите, на крајот испадна дека создава нови проблеми.

Со Меморандумот кој Бугарија го испрати до Европската Унија, нашиот сосед тврди дека потпишаниот договор ја признава заедничката историја, признава дека не постои македонско малцинство во Бугарија, но и дека се потврдува јазичната клазула.

Во тој Меморандум, Бугарија вели дека Тито наметнал нов идентитет во Бугарите во Македонија и така ги создал Македонците, односно дека ние сме проект на Тито кој е реализиран со измислување на нова историја, со цел да се замени традиционалниот бугарски идентитет со регионален измислен македонски идентитет.

Понатаму Бугарија посочува дека македонски јазик или етничка припадност не постоеле сè до 2 август 1944 година, а нивното создавање е дел од целокупната конструкција на посебен небугарски идентитет, чија цел е раскинување на врските помеѓу населението од тогашната СРМ и Бугарија. Според нив македонскиот јазик е создаден на 2 август 1944 година и истиот е само дијалект на бугарскиот. Тие потсетуваат дека не може да бараме македонски јазик бидејќи со потпишување на Договорот ја потврдил таканаречената „јазична клаузула“.

Бугарија исто така вели дека во Македонија се случила масовна репресија и прогон на бугарскиот народ, како во пограничниот регион во Бугарија, така и во тогашниот КПМ, односно егзекуција на повеќе од 20 000 луѓе помеѓу 1944 и 1946 година, кои се идентификувале како Бугари и ја претставувале политичката и интелектуалната елита во СРМ. Тие тврдат дека повеќе од 100.000 Бугари беа убиени, затворени, прогонети или испратени во концентрациони логори.

Воедно Бугарија потенцира дека не може да прифати дека тековниот процес на градење нација во Македонија ќе се одвива со ревидирање на заедничката историја, односно негирање на заедничките етнички и јазични корени или како што тие велат, неосновани тврдења за постоење на „македонско малцинство“ во Бугарија.

Меморандумот на Бугарија ги фрла во вода и ги разобличува лагите на Зоран Заев дека јазикот ни е признат од целиот свет, а идентитетот бетониран и обезбеден.

Иако Заев кога го потпиша Договорот со Бугарија тврдеше дека истиот е означува взаемно почитување и пријателство и е добар за националните интереси, сепак се потврдува дека не е така.

Од Меморандумот на Бугарија и заканите за блокирање на патот кон ЕУ гледаме дека идентитетот не само што не е обезбеден туку и условувани сме да прифатиме дека имаме измислен идентитет од Тито, со тоа автоматски доаѓа до откажување на целата македонска историја пред 1944 година, вклучително и илинденскиот период. Исто така разобличени се лагите за признатиот јазик, тој не само што не е признат туку, Заев со Договорот го прифатил условот на Бугарија за т.н. „службен јазик“.

Кратко траеја лагите на Заев, бетонот се распука пред бугарските апетити, а неговата несериозна дипломатија ја остави Македонија без црвени линии, со оспоруван идентитет, без јазик и без Македонци надвор од границите на државата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата