Лозарите разочарани - ГРОЗЈЕТО ОД ТИКВЕШИЈАТА ЗАВРШИ НА ДЕПОНИЈА (ВИДЕО)

18.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лозарите разочарани - ГРОЗЈЕТО ОД ТИКВЕШИЈАТА ЗАВРШИ НА ДЕПОНИЈА (ВИДЕО)

Земјоделец од Кавадарци го истура грозјето на локалната депонија затоа што нема откуп.

На видеото се гледа како земјоделецот својот труд вложен преку целата година го истура во депонија разочаран од оваа ненародна власт предводена од СДСМ.

Гледате каде оди грозјето од Тиквешијата, гледајте што е работат луѓето цела година, еве каде отиде грозјето, се слуша во видеото.

Инаку ова не е прво вакво разочарување од лозарите, но и од земјоделците воопшто.

Тие најавуваат и протести доколку не се реши нивниот проблем со грозјето и ниската откупна цена за истото.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата