Мицкоски: Јанкулоска ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев

18.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски:  Јанкулоска ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи власта на Заев, Гордана Јанкуловска ќе оди во затвор“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по веста дека Врховиот суд по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Со донесувањето на пресудата, Јанкулоска ќе треба да се упати на издржување на затворската казна.

Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи…

Posted by Hristijan Mickoski on Петок, 18 септември 2020

„Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев. Ова не е никаква правда, туку начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали, криминали и неуспеси на мафијата на власт. Јанкуловска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и тука таргетот не е Јанкуловска, туку ВМРО ДПМНЕ.

Оваа одлука на судот е ден по раскрвавената глава на Палевски, и откако целокупното судство и истото обвинителство ги пропушти и амнестираше сите скандали на мафијата. И не заборавајте, Горде е мајка на еден мал ангел, но и ова ќе помине, а срамот на Заев и мафијата за ваквата тортура ќе остане. Мафијата не треба да се плаши од освета, туку од правда, а таа ќе дојде“, порача Мицкоски.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата