Ако сте често поспани, ПОСТОИ ГОЛЕМ РИЗИК ОД ОВАА БОЛЕСТ

18.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако сте често поспани, ПОСТОИ ГОЛЕМ РИЗИК ОД ОВАА БОЛЕСТ

Истражувањето на американските научници од клиниката „Мајо“ укажува на поврзаност помеѓу прекумерната дневна поспаност и Алцхајмеровата болест.

Професионалното списание „ЈАМА неврологија“ пишува дека поспаноста во текот на денот е еден од симптомите на стареење, што веќе е поврзано со ризик по здравјето во подоцнежниот живот.

Според новите откритија, прекумерната дневна поспаност може да укаже на производство и акумулација на бета амилоидни протеини во мозокот. Наслагите на овие протеини се една од основните карактеристики на Алцхајмеровата болест, а претходните студии го поврзуваат квалитетниот сон со поголема шанса да ги „исчистат“ од мозокот.

Новата студија користела податоци собрани од 283 лица постари од 70 години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата