Миланов: ВЕЉАНОСКИ ПРАВИЛНО ЈА ВОДЕШЕ КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА

18.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Миланов: ВЕЉАНОСКИ ПРАВИЛНО ЈА ВОДЕШЕ КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА

На денешното рочиште за случајот за настаните на 27 април, како сведок се појави Стојан Миланов, пратеник од Социјалистичката партија. Тој беше заменик на претседавачот Трајко Вељаноски за време на конститутивната седница.

Миланов добро се сеќава на настаните од 27 април и истакна дека Вељаноски постапувал правилно во врска со тоа дека не дозволувал да се прејде на друга точка и за тоа дека тој ја водел конститутивната седница.

Миланов објасни дека СДСМ барале седницата да продолжи следниот ден на 28 април и оти Вељаноски тоа го прифатил.

Прашан дали постосл некаков план за насилство тој ден тој рече дека такво нешто немало.

Немаше никаков план за насилство на 27 април ниту, пак, од Кратово беше организирано одење за Скопје – објасни пратеникот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата