Повреден 71-годишен велосипедист во Скопје

18.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повреден 71-годишен велосипедист во Скопје

Вчера во 17.30 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Фирфов“ и ул.„Коперникова“ патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З.(49) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од А.М.(71) од Скопје.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата