Наоми Осака се повлече од Ролан Гарос и годинава нема да биде дел од третиот Грен Слем.

Осака која ја освои третата Грен Слем титула во Њујорк, како победничка на УС Опен не е подготвена да игра на Ролан Гарос и ќе го пропушти турнирот во Париз поради повреда на тетивата.

„За жал, годинава нема да можам да играм на Ролан Гарос. Тетивата ме боли, така што нема да имам време да се подготвам за овие два турнири“, напиша Осака на социјалните мрежи.