После вчерашното дивеење Твитер ГО БЛОКИРАШЕ КАНЈЕ ВЕСТ

18.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
После вчерашното дивеење Твитер ГО БЛОКИРАШЕ КАНЈЕ ВЕСТ

Канје дивееше вчера на Твитер, па меѓу другото, објави и видео на кое мокри врз својата награда Греми. Видеото за еден час го погледнале повеќе од шест милиони луѓе.

Музичарот претходно ја спореди музичката индустрија со модерно ропство и објави стотици страници од неговите договори.

Во низата твитови за музичката и модната индустрија, Канје изрази жалење за недостатокот на афро-американци на високи позиции, но исто така објави и стихови од Библијата.

Тој тврди дека нема да издава повеќе музика сè додека Сони и Универзал не го ослободат од договорите и побара од „секој адвокат на светот“ да ги разгледа тие договори.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата