Агентот на 31-годишниот велшки напаѓач Герет Бејл, потврди за шпанското издание на весниот „АС“ дека се разрешени и последните детали за трансферот на неговиот клиент во лондонски Тотенхем.

Според него, останува да се почека само официјалното соопштение за транзицијата. Истата всушност ќе биде договор за позајмица според кој Тотенхем ќе му плати на Велшанецот половина од сумата според договорот кој тој го има со Шпанците.

Претходно беше соопштено дека денеска играчот ќе замине за Лондон за да се подложи на лекарски преглед и да го потпише договорот со Спарс.