Пендаровски: Трендот на иселувањето може да го запре членството во ЕУ и НАТО

21.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пендаровски: Трендот на иселувањето може да го запре членството во ЕУ и НАТО

Заедничкиот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски попладнево е со граѓаните на Виница.
Напредокот, можностите и перспективите што ги отвораат евроатлантските интеграции на земјава беа главната тема на која се дебатираше на младинската трибина во Виница.

Пендаровски го потенцираше иселувањето на младите надвор од земјата како проблем за кој нема брзо решение иако се видливи првите резултати од стабилизацијата на земјата и враќањето на вистинскиот колосек.

„Напредокот и интеграцијата на земјава во ЕУ и НАТО може да го запре овој погубен тренд. За тоа да се случи поскоро, потребно е забрзување на напредокот. Токму евроинтеграциите ни носат подобри можности и услови за образование и подобри работни места. Заедно со најсилните економски држави во Европа може тоа да го направиме. Единствен начин да обезбедиме добри услови за младите на релативно кус рок се интеграциите на земјата час поскоро во ЕУ и НАТО“, рече Пендаровски.

Тој ги повика младите да ја искористат шансата на претстојните избори, да не дозволат земјава повторно да се врати назад, во изолација и неизвесност туку да изберат напредок, заедништво, сигурна и стабилна иднината во НАТО и ЕУ

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата