Никола Митревски доживеа пораз на своето деби во дресот на Порто. Вечерва тимот на нашиот голман беше поразен од Елверум, во меч од 1.коло во Лигата на Шампионите во Групата „А“ и тоа со 28:30. Тоа значи дека Елверум победнички доаѓа во Скопје каде на 24 септември му гостува на Вардар.

Норвежаните во првиот дел губеа со 16:14, но во вториот дел одиграа одлично, имаа одлична одбрана и затоа на крајот го победија Порто на негов терен. Никола Митревски влезе во игра во последните минути во игра, колку и да се трудеше во своето деби, сепак ни тој не помогна Порто да го избегне поразот.

Барселона, во меч од Групата “Б“ немаше никакви проблеми го победи Мотор Запорожје, и тоа на гости, со 30:25. Во текот на поголемиот дел од мечот Барса ја покажа својата доминација, освен ако не се смета првиот дел кога Украинците колку држеа резултатска рамнотежа. Гомес беше стрелец на десет голови, Циндриќ даде пет.

Во истата група Кил со ефектни 31:21 успеа да го победи ППД Загреб на негов терен. Еноставно Германците си ја покажаа сета своја сила. Сагосен кај победничкиот тим беше стрелец на седум голови.