Апасиев го осуди нападот врз Палески: НЕ СИ ИГРАЈТЕ СО ОГАН

17.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Апасиев го осуди нападот врз Палески: НЕ СИ ИГРАЈТЕ СО ОГАН

Првиот човек на Левица, Димитар Апасиев, го осуди нападот врз Љупчо Палески, предупредувајќи дека насилството раѓа ново насилство.

- Сега ви е појасно дека мојот собраниски говор при изборот на оваа (страхо)Влада, кога ја споредив со тиранија, воопшто не беше хиперболизирање Ако ова лудило на властодршциве продолжи, да не влечат по затвори, судови и обвинителства и да не тепаат до смрт – ќе бидеме принудени да формираме наша народна црвена милиција за одбрана и заштита од силеџиите спопикани во секоја пора на власта! Не си играјте со оган. Насилството раѓа насилство- напиша Апасиев на фејсбук.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата