Град Скопје: Да се почитуваат законите за заштита на Матка

21.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Град Скопје: Да се почитуваат законите за заштита на Матка

Градот Скопје реагира на прес-конференцијата на градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, кој денеска истакна дека Општина Сарај ќе ги одбие барањата за легализација на трите платформи на Матка, но сега нема да ги урива.

„Градот Скопје ја охрабрува општината Сарај да постапи согласно со своите законски надлежности кога се дивоградбите во прашање. Впрочем, нема поголем интерес ниту за граѓаните на Скопје, ниту за граѓаните на Сарај од владеењето на правото, еднаквостa пред законите и целосното функционирање на институциите – изјави денеска портпаролот на Град Скопје“, изјави денеска портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Toj додаде дека изминатава година Градот Скопје заедно со УНДП и МЖСПП изработувале законски модели со кои ќе се заштити Матка и во еколошка и во економска смисла.

„Ова решение ќе овозможи заштитата на Матка и нејзиното управување да не зависи од градоначалникот на Скопје или од градоначалникот на Сарај, туку од почитувањето на законот. Матка е непроценлив потенцијал за целиот град, а особено за локалното население на Сарај“, нагласи денеска Салиху.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата