Адвокатите ќе се жалат за висината на казната за македонските војници во ИСИС

21.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Адвокатите ќе се жалат за висината на казната за македонските војници во ИСИС

Адвокатот Сашко Христовски Липски бранител на еден од седумте македонски војници на ИСИС по изрекувањето на пресудата истакна дека висината на затворската казна е превисока за кривичното дело кое го сториле и дека за истата ќе биде упатена жалба до Апелацискиот суд.

„Овие луѓе биле ранети во Сирија, повеќе од 1 година престојувале во воени затвори, тоа е казната за нив, оваа казна што денеска беше изречена е превисока“, вели Липски.

Бранителот Љупчо Веселиновски исто така смета дека изречената казна затвор од 6 години е превисока како и дека во одлуката треба да им се смета и притворот што го одлежале во воените затвори во Сирија.

„Според меѓународното право притворот од повеќе од 1 година во Сирија, треба да им се смета во висината на казната. За одлуката ќе поднесеме жалба до Апелацискиот суд“, рече Веселиновски.

По признавање на кривичното дело “Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и терористичка организација” Кривичниот суд на обвинетите Елмедин Османи, Ахмед Џенгис, Орхан Жупани, Буњамин Фето, Ибрахим Шабани и Алмир Миртовски, им одреди затворска казна од 6 години, додека пак обвинетиот Сафет Рамадани, кој ги организирал овие македонски државјани да заминат во Сирија, доби затворска казна од 9 години.

извор makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата