Подводно чистење на езерото Матка

21.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Подводно чистење на езерото Матка

По повод Меѓународниот ден на водите утре ќе се одржи еколошка акција за подводно чистење на езерото Матка.

Активностите на Членовите на Спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и Нуркачкиот клуб „Пена“ ќе се одвиваат во езерото пред манастирот Св.Андреа, а членовите на ЗГ„Натива“- Матка и ЗГ„4 СЕЛЕКТ“ ќе го чистат појасот долж кајакарската патека и од страната на патеката која води кон манаситрот Св. Никола Шишевски.

Според најавата од Министерството за животна средина, акцијата ќе започне во 10 часот, а на неа ќе присуствува и заменик-министерот Јани Макрадули.

Активностите се поддржани од Проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ кој е финансиран од Европската Унија, преку ИПА 2 – Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција 2014-2020, кој го спроведува МЖСПП во соработка со УНДП.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата