Руска порноактерка се кандидира за гувернерка

21.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руска порноактерка се кандидира за гувернерка

Руската актерка Елена Беркова (34), позната по филмовите за возрасни, се кандидира за гувернерка на северот на Русија во регионот на Мурманск. Кампањата ја започна со прашањето што им го постави од своите следбеници на Инстаграм, кои се потенцијално нејзини идни гласачи.

„Со кои проблеми се соочувате во вашиот град? Како стојат работите во болниците, училиштата, градинките, становите? Сакам да дознаам повеќе за секојдневниот живот во Мурманск. Јас сум со тебе”, напиша Елена. Говорејќи на локалното руско радио, Елена вети дека ќе објави политичката програма штом ќе ја финализира одлуката.

Елена ја најави својата политичка кариера уште во 2009 година, кога сакаше да се кандидира на југот на земјата во Сочи. Тогаш сними видео за кампањата.

Пред две години сакаше да се бори на претседателските избори и вети дека ќе воведе тест за секс во училиштата и дека сексуалното вознемирување ќе биде казнето со смртна казна.

Меѓутоа, таа тогаш имаше 32 години, а руските закони наложуваат дека претседателскиот кандидат не може да има помалку од 35 години, па нејзината идеја не успеа.

Елена често има здравствени проблеми поради зачестените диети, многубројните обврски на деловен план и исцрпеност.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата