ZTE со нова идеја каде да биде сместена селфи камерата

21.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ZTE со нова идеја каде да биде сместена селфи камерата

Смартфонот на ZTE, Axon V се уште не е официјално најавен, но веќе е познат дизајнот – после засекот, попознат како notch и отворот за селфи камерата во екранот, доаѓа сосема нова идеја каде да биде сместена предната камера.

На интернет страната “iF Design World Guide”, организација која доделува награди за дизајн, објавени се првите фотографии на Axon V паметниот телефон на ZTE, а овој телефон ќе биде уникатен на пазарот по тоа каде што е сместена предната камера.

Имено, за да овозможат екранот да се простира низ целата предна површина на телефонот, нешто што стана главна опсесија на производителите во последно време, од ZTE одлучија да додадат уште малку „тело“ на делот каде што обично стои копчето за отклучување или регулација на звукот.

Од ZTE тврдат дека таквото решение има и други предности – на пример, има повеќе место за батерија со поголем капацитет.

Колку ова решение е навистина добро, најдобро ќе покаже времето и реакцијата на купувачите на пазарот.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата