Новиот мост на Дунав ЌЕ БИДЕ ИКОНА НА БУДИМПЕШТА (ФОТО+ВИДЕО)

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новиот мост на Дунав ЌЕ БИДЕ ИКОНА НА БУДИМПЕШТА (ФОТО+ВИДЕО)

Идејата за нов премин преку Дунав во јужниот дел на Будимпешта беше вклучена во плановите за развој на градот веќе во 80-тите години на минатиот век. Во раните 90-ти, Генералното собрание на Будимпешта ја прецизираше локацијата, но соништата никогаш не беа реализирани поради недостаток на ресурси. Во 2018 година, владата конечно одлучи да изгради мост за намалување на сообраќајот низ центарот на градот и на другите мостови на главниот град.

Главната цел на изградбата на новиот мост Дунав е да се олесни сообраќајот во центарот на градот и да се промовира развојот на јужните делови на Будимпешта.

Мостот Галвани, заедничко дело на холандските UNStudio и BuroHappold Engineering  веќе влегува во важна фаза откако беше објавена јавна набавка за трамвајската линија која треба да минува низ мостот.

Мостот треба да овозможи 30% намалување на сообраќајот на Ланчаниот мост, мостот Ерзебет и мостот Сабадас и 10% намалување на сообраќајот на мостот Петефи. Така, бројот на возила што минуваат низ центарот на градот ќе се намали за 55.000 секој ден.

Инвестицијата ќе се спроведе во една од највозбудливите области на Будимпешта во однос на урбаниот развој. Исто така, ќе се обезбеди поврзување со приградската железница H7 на островот Цепел и приградската железница H6 кај мостот на Пешта.

Според плановите, трамвајската линија ќе се гради помеѓу улицата Фехервари и улицата Губаци, и тоа ќе биде првиот јавен превоз со фиксна линија за поврзување на јужните окрузи.

Давид Витези, извршен директор на Центарот за развој во Будимпешта, го сподели следното видео со презентација на новиот мост Дунав. Мостот Галвани ќе има коловозни ленти, трамвајска линија во средината, и велосипедски ленти и тротоари без бариери од двете страни.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата