Еден закон и 30 квадрати даски ќе ја растурат коалицијата

Луѓето на Шекеринска му местат пораз на Заев: ПЕНДАРОВСКИ ПАЃА ВО САРАЈ, а за понатаму не се знае

24.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Луѓето на Шекеринска му местат пораз на Заев: ПЕНДАРОВСКИ ПАЃА ВО САРАЈ, а за понатаму не се знае

СДСМ најави закон за легализација на дивоградби со кој се опфатени најмалку 40.000 објекти, закон каков што имаше донесено и владата на ВМРО ДПМНЕ за помош на граѓаните да ги легализираат своите објекти онаму каде што има услови за тоа.

Иако овој закон требаше да се доенесе пред претседателските избори и да има позитивен ефект за СДСМ на нив, градоначалникот на Скопје Шилегов побара негово одложување со забелешки кои се на место, а тоа е оние кои легализираат да платат поскапа цена за комуналии од другите кои тоа веќе го направуиле, и другата забелешка дека овој закон му одговара најмногу на ДУИ и затоа треба да се чека со неговото донесување.

Познато е дека во СДСМ постои рововска дворска битка помеѓу Шеќеринска и Заев, пренесена и врз нивните партиски војници. Таа битка трае, и нејзиниот исход зависи и од резултатите на претседателските избори: ако биде убедлика победа на Пендаровски, Заев доминира а Шекеринска ке мора да се повлече. Ако загуби, или победата биде тесна тогаш Заев е во проблем, а Шекеринска веќе до есен неформално ќе го преземе водството на партијата без оглед на првата функција на Заев.

Резултатите во многу, ако не и клучно, зависат од ДУИ и нивните гласови. Затоа Петре Шилегов, војникот на Шеќеринска, прави се за да се комлицираат односите со ДУИ и да се мотивира ДУИ на бојкот на Пендаровски. Крајна цел, намалување на власта на Заев во партијата и негова тивка пасивизација до ниво формален претсдеател.

Мегданот е Законот за легализација на дивоградби кој треба да се одложи и спречи, ДУИ да се испровоцира а локацијата за мегдан, за почеток, е Матка после која следи дивоградбата на функционер на ДУИ од Чаир карши американската амбасада.

Нелегално подигнатата платформа во кањонот Матка за која сите институции се прогласија за ненадлежни е најновиот камен на сопнување помеѓу владините партнери СДСМ и ДУИ. Има и политика во дивата платформа, како и подземни политички игри помеѓу ДУИ и СДСМ во пресрет на претседателските избори.

Симптоматично е што во исто време кога Шилегов го урива најавениот закон за легализација на дивоградби и бара уривање на Матка, неговиот заменик градоначалник и неговите партенри бараа два милиони евра обесштетување од државата за поранепната дивоградба позната како Кинески ѕид во градскиот парк. Има ли тука условување: платете ги двата милиони на заменикот градоначалник на Скопје, и нема проблем ни за Матка ни за најавениот закон за дивоградби.

„Матка“ стана полигон за покажување мускули помеѓу скопскиот градоначалник Петре Шилегов и сарајскиот градоначалник Блерим Беџети, а во заднина е „минирање“ на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, но и новото претпријатие кое ќе треба да се грижи за кањонот Матка.

Наводно, не случајно пред изборите се кренало врева за платформата, иако на Матка има две други платформи кои се изградени пред десетина години и за кои досега никој не ја бранувал јавноста.

Извори од ДУИ брифираат дека СДСМ ја актуелизира нелегалната платформа, за да го притисне Беџети да ја урне. Неофицијално, платформата ја гради човек од Грчец, близок на градоначалникот. Според ДУИ, ако Беџети ја урне платформата тогаш како ќе бара гласачите на Сарај да гласаат за Пендаровски. Наводно, целта на дел од скопското лоби на СДСМ, која била против Пендаровски да биде претседателски кандидат, е да ја осуети поддршката на албанскиот електорат од Сарај за заедничкиот претседателски кандидат.

Ова би ја преполовило поддршката за Пендаровски, а револтираните гласачи наводно веќе најавувале дека ќе гласаат за противкандидатот Гордана Силјановска Давкова. На тој начин, ДУИ, односно Беџети ќе биде етикетиран дека потфрлил во обезбедување поддршка за Пендаровски, односно дека одработил за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДУИ потенцираат дека Шилегов им испратил инспекции за случајот да добие публицитет во јавноста.

Од СДСМ брифираат дека ваквите тврдења на ДУИ се надвор од здравиот разум. Од таму демантираат било какви игри против Пендаровски. Според нив, „Матка“ станала случај пред три месеци, а не сега пред избори, го актуелизирала јавноста, а не СДСМ и Шилегов и тогаш воопшто не се знаело дека Пендаровски ќе биде официјален кандидат за претседател. Од СДСМ велат дека можеби ДУИ со ова си прави алиби ако нивните гласачи потфрлат за Пендаровски во корист на Силјановска.

Од таму порачуваат политиката да не се меша во случајот „Матка“ дека станува збор за класична дивоградба за која Беџети треба да реагира, бидејќи Градот во тој дел нема ингеренции и дека градоначалникот не може да се однесува како шериф на Сарај.

Беџети ни изјави дека за овој случај ќе постапи според законските прописи. Тој ќе почека да види дали ќе биде одобрена легализација на платформите.

– И да биде одбиена легализацијата на платформите, нема да рушам сѐ додека случајот не добие судска разрешница – вели Беџети.

Од друга страна пак, битката помеѓу Шилегов и Беџети е за новото претпријатие кое ќе треба да се грижи за кањонот Матка. Неофицијално, Шилегов му порачал на Беџети да ја урне платформата а во спротивно Градот без Сарај ќе го формира претпријатието. На ова Беџети, наводно, му порачал „Само нека проба“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата