Никола Јокиќ и неговиот Денвер по голем пресврт се најдоа во финалето на Западната конференција, место кое го обезбедија по одигрување на „мајсторка“. Нагетси славеа со 104-89 и со конечни 4-3 го исфрлија ЛА Клиперс. Денвер за противник ќе има тимот на ЛА Лејкерс.

Српскиот репрезентативец блескаше и на оваа средба, зад своето име запиша 16 поени, 22 скока и 13 асистенции.

„Пред натпреварот знаев дека овој тим ќе го памтат сите без разлика што и да направиме. За некои играчи ова е последна година со нас, а ова е посебна екипа. Се боревме до крајот и победивме. Никој не мислеше дека ќе стигнеме до тука, никој не веруваше дека ќе победиме. Никој не нè сакаше тука. Докажавме дека можеме, следен противник е Лејкерс. Ова ќе биде тешка пресметка, но ние ќе се забавуваме“, рече Јокиќ.

На прашањето дали се пакувал пред оваа средба, тој одговори:

„Зошто да се пакувам кога не планирам да одам на друго место“.