Apple ја престави новата генерација на Apple часовници, но и новите модели на iPad!

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Apple ја престави новата генерација на Apple часовници, но и новите модели на iPad!

Сè што предвидоа аналитичарите се оствари – претставени се Apple Watch Series 6 и SE, како и два нови модели на iPad, но и услуга што поврзува неколку сервиси на Apple One.

Иако Apple ја одложи презентацијата на новите модели на iPhone (најверојатно за октомври), компанијата не се откажува од традицијата на септемвриски конференции, а  тие сега претставија нови модели на Apple Watch и надградени верзии на iPad. Претставувајќи ја новата генерација часовници од американската компанија, тие изјавија дека „иднината на здравјето е на вашиот зглоб“ и, кога ќе погледнеме што може да направи толку мал уред, можеме да заклучиме дека не претерале. Имено, покрај можноста за следење на отчукувањата на срцето и предупредување на корисниците во случај часовникот да препознае проблеми со работата на срцето, ЕКГ и други опции, Apple Watch 6 сега доаѓа со опција за мерење на сатурација на кислород во крвта.

Само 15 секунди се доволни за пресметка, а часовникот ќе ја следи сатурацијата на кислород во крвта во позадина и исто така, предупредува доколку таа вредност падне под 95 проценти. Apple вели дека податоците се особено важни во ерата на Covid-19, бидејќи тие можат да сигнализираат рани респираторни промени, а најавија и дека ќе соработуваат со разни универзитети, за да ги анализираат податоците на корисниците на часовникот и да спроведат истражување за подобрување на здравјето.

Во однос на хардверот, „шестката“ е предводник на понудата на „Apple“ што ќе има најсилен процесор, е енергетски поефикасен, а ќе има и подобар always on екран. Неговата цена е 399 долари. Беше претставен и толку споменуваниот, поевтин Apple Watch SE, за кој компанијата вели дека е „совршен часовник за нови корисници“. Ќе биде достапен за 279 долари, а како и во случајот со iPhone SE, тој комбинира опции од постарите модели на часовници со нов хардвер. Се напојува со чипсет S5 и ги има повеќе или помалку сите важни опции за следење на фитнесот, но не и опции како што се ЕКГ, следење на сатурацијата на кислород во крвта и други, кои сè уште се резервирани за оние кои се подготвени да платат повеќе пари за часовник.

Тоа нема да биде најевтиниот часовник на Apple што се нуди бидејќи Apple нема (сè уште) намера да ја повлече Серија 3 од пазарот и исто така ќе биде достапен за 199 долари.

IPad слави 10 години

Кук најави и големи иновации околу iPad, кој оваа година слави десетгодишнина од своето постоење, и оттогаш е продаден во повеќе од 500 милиони парчиња, ширум светот и е еден од најуспешните производи за широка потрошувачка електроника во историјата. Осмата генерација на популарниот таблет е класична надградба која доаѓа со помоќен чипсет (A12 Bionic) и има 40 проценти побрз процесор, како и двојно подобра графика. Дијагоналата на екранот изнесува 10,2 инчи, има моќна батерија што може да трае цел ден, камерите се „одлични“, Apple пенкало, како и паметна тастатура. Цената на iPad 8 е 329 долари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата