СЗО: Европа е на пресвртница во борбата со коронавирусот

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЗО: Европа е на пресвртница во борбата со коронавирусот

Европа е на пресвртница во борбата со коронавирусот поради порастот на бројот на заболени, почетокот на школската година и пристигнувањето на есента, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл Рајан.

„Време е да го прекинеме ‘ловот на фатаморгана’ и да донесеме тешки одлуки за да ги заштитиме најранливите и да им овозможиме на децата да одат на училиште, па и по цена на неизбежни жртви“, рече Рајан на виртуелна прес-конеференција.

„Во Европа луѓето наскоро ќе почнат да се враќаат во затворени простории. Притисокот на вирусот ќе се зголеми“, додаде тој.на виртуелна прес-конеференција.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во понеделеникот кажа дека светот е далеку од крајот на епидемијата и дека бројот на починати засега е на релативно ниско ниво.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата