Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, истакна дека е задоволен од она што го покажува Кепа Аризабалага на голот, и покрај тоа што шпанскиот голман беше мета на критики по натпреварот со Брајтон.

Челзи славеше во првото коло од Премиер лигата со 3:1, но Кепа имаше една лоша интервенција при голот за домашните во 54. минута.

„Задоволен сум од она што го покажува Кепа. Не сум сигурен дека тој можеше подобро да реагира во таа ситуација”, застана во одбрана на својот голман, Лампард.

„Видов дека има поголема самодоверба. Тој е наш голман и задоволен сум поради тоа. Дури и да донесеме некого, тој ќе мора да се бори за своето место. Така е во Челзи”.