Во БиХ речиси 300 новозаразени со Ковид-19

15.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во БиХ речиси 300 новозаразени со Ковид-19

Во изминатите 24 часа, во Босна и Херцеговина се регистрирани 292 нови случаи на зараза со Ковид-19 и девет смртни случаи.

Од тој број, 235 се новозаразени во Федерацијата БиХ, каде што се евидентирани вкупно 17 смртни случаи, седум во изминатите 24 часа и 10 последователно запишани кои починаа во изминатата недела.

Во Република Српска се регистрирани 57 новозаразени и два смртни случаи, додека еден новозаразен е регистриран во областа Брчко.

Во Федерацијата БиХ се тестирани 1.733 примероци, а регистрирани се нови случаи на инфекција во сите кантони во Федерацијата БиХ, освен во Босанско-подрињскиот и Посавскиот кантон.

Досега се тестирани вкупно 138.296 примероци во Федерацијата, а SARS-CoV-2 е потврден кај 15.285 лица.

Во моментов има 3.767 позитивни случаи на САРС-CoV-2 во Федерацијата.

Пријавени се 17 нови смртни случаи во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ.

Седум пациенти починаа во изминатите 24 часа, а 10 последователно примени пациенти починаа во изминатата недела.

Вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 426, и тоа 281 маж и 145 жени.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата