Автомобил излета од патот во Кучково, тројца повредени

15.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Автомобил излета од патот во Кучково, тројца повредени

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на локален пат во с.Кучково, скопско.

Според информациите, несреќата се случила кога автомобил „фиат добло“, управуван од П.М.(19) од Скопје, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.С.(19) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Н.Е.(19), кои биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата