Груби: Цел сум на пропаганда за да внесат раздор меѓу ДУИ и СДСМ

13.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Груби: Цел сум на пропаганда за да внесат раздор меѓу ДУИ и СДСМ

Oд првиот ден од мојот избор во Собранието, но и претходно, цел сум на произведување на многу лажни вести и голема пропаганда со една единствена цел – да се внесе раздор помеѓу коалициските партнери ДУИ и СДСМ, затоа што сум задолжен за таа политичка кохезија во Владата, изјави денеска вицепремиерот Артан Груби, коментирајќи ги пишувањата на некои интернет-портали за наводна негова физичка пресметка со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Сите тие лажни вести ја имаат таа цел да внесат недоверба и раздор меѓу нашите коалициски партнери. Но, во тоа нема да успеат, бидејќи функционираме одлично и уште од првиот ден функционираме како една влада за сите наши граѓани, порача Груби на прес-конферениција.

Како прв заменик-премиер, Груби порача дека ќе се залага за општество со целосна рамноправност на сите граѓани.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата