Samsung Galaxy A40 на нови рендери

20.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Samsung Galaxy A40 на нови рендери

Компанијата Samsung веќе претстави неколку модели од Galaxy A серијата, но во подготовка има и нови модели. Galaxy A50 и Galaxy A30 беа лансирани во текот на MWC во Барселона, но јужнокорејската компанија смета дека помеѓу нив може да смести уште еден модел.

Се појавија првите прес рендери за Galaxy A10, откривајќи и некои спецификации на камерата, како и позицијата на портовите и сензорот за отпечаток од прст.

Samsung Galaxy A40 ќе биде достапен во црна, светло сина и корал варијанта. Ќе има две камери на задната страна, од кои едната изгледа како ултра-широка. Сензорот за отпечатоци од прсти, исто така, ќе биде сместен на задната страна, наместо под дисплејот, како кај Gaalxy A50 моделот. Единствената предна камера е сместена во засек (notch). Во дното на уредот се наоѓаат 3,5 милиметарски приклучок, USB-C и микрофон.

Гласините сугерираат дека екранот на смартфонот ќе има големина од 5,7-инчи. Galaxy A40 претходно на Geekbench се појави со Exynos 7885 чипсет и 4GB RAM, а се очекува дека ќе чини 249 евра. Телефонот би можел да биде претставен во текот на настанот, кој Samsung го закажа за 10. април. Повеќе рендери на Galaxy A40 се достапни на линкот од изворот.

Извор: Winfuture

 

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата