Жителите на Нов Зеланд неодамна ги пречекаа со широко раширени раце во текот на нивната прва турнеја во странство, па се очекуваше дека принцот Хари и Меган Маркл ќе се појават во нивната амбасада во Лондон во чест на жртвите на ужасното злосторство што го потресе новозеландскиот град Крајстчерч во петокот.
The Duke & Duchess of Sussex have made an unannounced visit to New Zealand House in London to pay tribute to the victims of the #ChristchurchTerrorAttack . They will sign a book of condolence & speak to staff. They were asked to go by HM as they were the last royals to visit #NZ pic.twitter.com/KTCHMFvD1W
— Rebecca English (@RE_DailyMail) March 19, 2019
Дури 50 невини луѓе ги загубија животите, а десетици беа повредени кога 28-годишно момче пукаше во нив во џамија. Во чест на нив во новозеландската амбасада во Лондон е отворена книга на жалост во која се запишаа Меган и Хари, кои пристигна ненајавени, надвор од сите протоколи.
Откако ги поздравија главните претставници со традиционален маорски поздрав во кој се допираат со носовите, Хари положи цвеќе, а потоа се запишаа во книгата на жалост, во која Меган напиша: „Најдлабоко сочувство. Нашите мисли се со вас.”
За оваа пригода Меган избра и специјален накит – златните обетки што ѝ ги подари премиерката на Нов Зеланд, Жакинда Ардерн.
Хари и Меган беа замолени да го претставуваат кралското семејство и да ја посетат амбасадата, бидејќи тие последни го посетија Нов Зеланд.
извор: Makfax