Училишта во Бирмингем ги откажаа часовите за еднаквост на ЛГБТ по протестите од родителите муслимани

20.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Училишта во Бирмингем ги откажаа часовите за еднаквост на ЛГБТ по протестите од родителите муслимани

Четири училишта во Бирмингем ги прекинаа часовите за ЛГБТ правата по поплаките од родителите муслимани, пренесува „Спутник“.

Трустот „Ли“, мултиакадемска образовна организација која стои зад училиштата, најави дека ја суспендира програмата „No Outsiders“ додека не се постигне договор со родителите.

Проектот беше креиран и тестиран во „Паркфилд“ во 2014 година од страна на помошник-директорот Ендрју Мофат, кому во 2017 година му бил доделен медал за заслуги за еднаквост и разновидност во образованието, а под негово покровителство се достапни и книги со приказни за истополови врски и бракови во библиотеките на училиштата.

Во писмото, од трустот соопштија дека ги запираат часовите до по Рамазан, кој завршува во јуни.

„Програмата „No Outsiders“ е за толеранцијата, прифаќајќањето на разликите и за почитувањето, кои се клучни аспекти на кохезијата на заедницата и фундаментални британски вредности”, изјави портпаролот на училиштето „Паркфилд“.

Фатима Шах, чија 10-годишна ќерка учи во „Паркфилд“, изјави дека програмата е несоодветна и потполно погрешна.

„Ги учат децата дека е во ред да бидат хомосексуалци, а 98 отсто од децата во ова училиште се муслимани. Ова е муслиманска заедница”, рече таа.

Шах не е сама – стотици муслимански деца не одат на училиште од почетокот на март, а наставниците – вклучувајќи го и Мофат, кој е хомосексуалец- се обвинети за користење на учениците како заморчиња во перверзен социјален експеримент.

Скандалот ја подели локалната Лабуристичка партија, која доминира во градот. Пратеничката Шабана Махмуд ги повика образовните власти да ги сфатат поплаките на родителите во контекст на верска припадност, додека пак нејзините сопартијци ја осудија нејзината одбрана на фанатизмот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата