Вооружена банда нападнала конвој со ураниумско гориво за нуклеарна централа во Бразил

20.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вооружена банда нападнала конвој со ураниумско гориво за нуклеарна централа во Бразил

Камион кој пренесувал нуклеарно гориво во една од електроцентралите во Бразил бил нападнат од група вооружени лица кои отвориле оган кон полицајците што го обезбедувале конвојот, пренесува РТ.

Пратката со ураниумско гориво била нападната во вторникот во градот Фраде, на околу 30 километри од Ангра дос Реис, каде што се наоѓа нуклеарната централа „Ангра 2“. По интензивната размена на оган со вооружените лица, полицајците, од кои ниту еден не бил повреден, успеале да го спречат нападот, соопшти полицијата.

Од „Елетронуклеар“, подружницата на Centrais Elétricas Brasileiras SA која управува со нуклеарната централа „Ангра 2“, нагласија дека инцидентот не предизвикал одложувања во испораката на ураниум. Компанијата, исто така, се сомнева дека напаѓачите имале намера да го одзематтоварот, тврдејќи декаможеби станува збор за војна меѓу локалните криминални банди и дека конвојот бил фатен во престрелка.

Допрва треба да се утврди дали напаѓачите имале намера да ја украдатпратката со ураниум. Граѓанската полиција сега се обидува да го утврди мотивот зад инцидентот. Напаѓачите успеале да избегаат од местото на настанот, но полицијата пронашла пиштол со калибар од 9 мм и сега се обидува да ја пронајде вооружената група.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата