„Гугл“ казнет со 1,5 милијарди евра

20.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Гугл“ казнет со 1,5 милијарди евра

Европското обвинителство за конкуренција го казни „Гугл“ со 1,5 милијарди евра, поради блокирање реклама на свои конкуренти. Минатата година Европската комисија го казни „Гугл“ со 4,3 милијарди евра, поради кршење на правилата на пазарната конкуренција поврзани со нивниот оперативен систем Андроид.

Тоа е највисока казна во историјата која Европската комисија ја изрекла на една компанија.

„Гугл“ од произведувачот на мобилни уреди побара да го преинсталираат нивниот пребарувач ако сакаат да имаат пристап до нивните разни услуги, што, според ЕК, на потрошувачите им го отежнува правото на избор и ја ограничува конкуренцијата.

Комисијата утврдила дека „Гугл“ од произведувачот побарал да ги преинсталира апликациите Гугл Срч и Гугл Хром, како услов за добивање лиценца за тргување со апликациите на Гугл (Плеј стор), дека плаќал одредени износи на некои големи произведувачи и пружатели на услуги на подвижните мрежи, под услов на своите уреди да ја преинсталираат исклучиво апликацијата Гугл Срч и дека ги спречил сите произведувачи кои сакале да ги преинсталираат апликациите на Гугл да ги продадат паметните мобилни уреди со алтернативни варијанти на Андроид, кои не ги одобрил Гугл.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата