Бошњаковски: Власта и опозицијата со различни ставови за законот за СЈО

20.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бошњаковски: Власта и опозицијата со различни ставови за законот за СЈО

Постојат серизони разлики меѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ, кое бара СЈО да биде посебно одделение, изјави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање.

ВМРО-ДПМНЕ до утре треба да ги достави предлозите во врска со законот за Специјалното јавно обвинителство, а задутре е закажана нова средба меѓу Владата и опозицијата на која ќе се разговара за разликите по ова прашање.

Бошњаковски истакна дека за Владата, предлог-законот е најсоодветно решение и сметаат оти треба да се имплементира без одоговлекување.

Владиниот портпарол потврди и дека грчкиот премиер, Алексис Ципрас ќе дојде во Скопје, но не го прецизира датумот за посетата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата