Бошњаковски: Владата се откажа од „мерцедесот“, премиерот никогаш не го користи

20.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бошњаковски: Владата се откажа од „мерцедесот“, премиерот никогаш не го користи

По завршувањето на постапката за предметот „Тенк“ на СЈО, ќе се одлучи што ќе биде со „мерцедесот“. Ова го изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со продажбата на возилото.

Прашан за  предизборните ветувања на СДСМ дека со продажбата на „мерцедесот“ ќе се набават нови амбулантни возила на брза помош, Бошњаковски рече дека амбулантни возила веќе се набавуваат.  Тој подвлече дека „мерцедесот“ е симбол на расипништво и Владата се откажала од него, а премиерот никогаш не го користи.

„Дел е од судската постапка и додека таа постапка е активна тој ‘мерцедес’ ќе остане таму каде што е. Во истиот момент кога ќе заврши, ќе видиме што ќе се случи“,  рече Бошњаковски.

Додаде дека Владата ќе набави нови 12 амбулантни возила за брза помош, а осум возила од Министерството за земјоделие ќе бидат пренаменети.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата