Семејството Шаулиќ ќе го тужи Турчинот кој што ја предизвика сообраќајката - ЕВЕ КОЛКУ ОШТЕТА ЌЕ ДОБИЈАТ

20.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Семејството Шаулиќ ќе го тужи Турчинот кој што ја предизвика сообраќајката - ЕВЕ КОЛКУ ОШТЕТА ЌЕ ДОБИЈАТ

Семејството на Шабан Шаулиќ ќе го тужи Турчинот, Алсин Левант кој што ја предизвика сообраќајката, а во која на 17 фебруари загина кралот на народната музика.
Намерата на семејството е, предизвикувачот на сообраќајната незгода кој што управувал во алколизирана состојба, со украден автомобил и без возачка дозвола да добие што поголема казна.

Тие можат да добијат повеќе од 300.000 евра колку што би пејачот заработил во 2019 година од закажаните настапи.

-Иако германската полиција и обвинителство по службена должност ќе го гонат Левант, семејството на Шаулиќ нема да седи со скрстени раце. Моментално се распрашуваат каква казна може да добие Турчинот, точно колку години ќе помине во затвор, открива билизок извор до семејството.

Сопругата на Шаулиќ наводно се распрашувала колокава оштета може да наплати од Алсин. Иако парите нема да и ја заманат загубата на сопругот, таа има план во што да ги имвестира истите средства.

-Со оглед на фактод што семејството одлучи куќата во Шапац да ја пртвори во музеј, парите ќе ги вложат во тоа како да ги зачуваат убавите спомени од пејачот.
Инаку, обдукцијата потврди дека Шабан почина како последица од сударот, како и неговиот колега Мирсад Кериќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата