Филан Митрев: Имав среќно детство, но бев наивен

11.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филан Митрев: Имав среќно детство, но бев наивен

Пред судот во Франкфурт на почетокот на септември започна процесот против Филан М. обвинет за подготовка на напад против државата, кршење на законот за воено оружје и телесни повреди. Филан планирал самоубиствен напад, објави Дојче Веле, повикувајќи се на весникот Франкфурте Рундшау.

„Бев наивен“, беше една од ретките реченици кои Филан М. ја изусти пред судијата во Франкфурт каде е обвинет за серија сериозни кривични дела.

Во ноември 2019 година, Филан М. е уапсен од германската полиција заедно со уште двајца осомничени на 21 и 22 години од турско потекло, под сомнение за подготување на терористички напад.

Неговите соучесници подоцна се ослободени поради недостаток на докази, но Филан М. беше обвинет и се соочува со долгогодишна затворска казна. Обвинителството го товари дека планирал самоубиствен бомбашки напад врз еден ресторан во Заксенхаузен во близина на Франкфурт.

„Салафистот“, како што го нарекува Франкфуртер Рундшау, за таа цел набавил хидроген пероксид, ацетон, батерии и сулфурна киселина како и електронски делови за бомба. Нападот не успеал затоа што Филан М. се пофалил на социјалните мрежи пред да ја спроведе својата цел. Притоа, тој се обидувал на интернет да набави и автоматско оружје и муниција. Но и тој обид не успеал затоа што при купувањето Биткоини за кеш по очаен курс, Филан М. всушност налетал на измамничка фирма.

Единственото во што успеал Филан М. е да натепа некој недолжен човек на улиците на Офенбах, како и друг затвореник во затворот каде бил притворен.

Притоа ова не е првпат Филан М. да се соочува со германскиот правосуден систем. Во 2016 година беше осуден и одлежа 2,5 годишна затворска казна поради изнуда и физички напади.

„Патот до верата“, пишува Франкфуртер Рундшау, Филан М. го пронашол токму во затворот во Франкфурт. Преминал во Ислам и станал голем поборник на Исламската држава.

„Љубовта кон Бога останала со него и по напуштањето на затворот во април 2019, а паралелно со неа и омразата кон државата и Западот. И бил лут на државата затоа што одбила да му финансира отворање на киоск, туку го вратила назад во детската соба кај неговата мајка и очувот. Западот го замразил затоа што на Интернет постојано гледал видеа од ракетните напади на анти- ИС коалицијата врз стари луѓе и мали деца, и тоа многу го разлутило“.

Оттука си земал обврска, против овие бомбашки напади да протестира со сопствен бомбашки напад.

„Притоа, самоубиствениот напад му се чинел како најбрзо бегство од детската соба, затоа што по таквиот чин се оди директно во рајот и се исполнува обврската“.

Новинарот на Франкфуртер Рундшау наведува дека Филан М. всушност потекнува од богато семејство. Неговиот татко е сопственик на клиника, мајка му е медицинска сестра, и нему во детството ништо не му недостасувало. Но, уште на 13-годишна возраст почнал да пуши марихуана и тука започнале проблемите.

Откако бил исфрлен од две гимназии, избегал и од двата интернати во кои го испратиле. Во обид да го спаси синот, неговиот татко му ја финансирал и желбата „да учи кунг-фу во Кина“, но и тој сон се распаднал по шест месеци. По враќањето успеал да заврши средно училиште, но повторно се нашол во проблеми, па мајка му го исфрлила од домот.

„Имав среќно детство. Никогаш не ме удриле. Сакав само да им покажам на моите родители дека можам сам да си го најдам патот. И дека тој пат е добар“, изјави Филан М. на претходното судење за изнуда и насилство, пишува Дојче Веле.

______________________________________________

„Тој не е мојот син“, вели за А1 он Жан Митрев , сопственикот на истоимената клиника, по објавувувањето на информациите дека 25-годишниот Филан Митрев, лани во ноември бил уапсен за планирање терористички напад врз клучни објекти низ Германија.

Во вчерашната изјава за А1.он Митрев изјавил  дека лицето на кое му се суди не е негов син и дека случајно имаат исто презиме.За денеска откако бил праша  каква е неговата поврзаност со Филан Митрев, тој одговори: „Јас немам ништо со тоа. Секој човек на 25 години одговара за своите постапки. И тоа не е мој син!“, за подоцна да каже дека станува збор за „лажни вести“.

Од оваа изјава останува нејасно дали Митрев се има откажано од својот син или пак во целост ја демантира поврзаноста со лицето кое е осомничено за тероризам.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата