Антонио Бандерас не сака да живее како да е веќе мртов

20.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Антонио Бандерас не сака да живее како да е веќе мртов

Зад Антонио Бандерас е тежок период. Пред две години познатиот актер преживеа инфаркт што го загрози неговиот живот.

Иако на почетокот се чинеше дека проблемите со срцето не беа сериозни, набргу се покажа дека неговото здравје е прилично нарушено.

„Го знаев тоа и порано, но тогаш многу јасно го видов тоа пред себе – смртта беше реална”, рече тој подоцна.

Поради ова искуство, го промени својот живот.

„Престанав да пушам, почнав да спортувам, ги пијам лековите препорачани од моите лекари, мислев дека ќе работам помалку, но потоа решив дека нема, бидејќи ми недостасуваше мојот живот”, рече тој.

„Понекогаш се жалам дека морам да застанам и да се одморам, но по два дена жив се јадам”, призна тој, додавајќи дека заморот му е неизбежен придружник во неговиот живот.

„Мојата природна состојба е замор. Добро се снаоѓам во тоа”, додаде тој.

„Не сакам да живеам како да сум веќе мртов, сакам да живеам, а ако умрам, па што ако”, заклучи тој.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата