СДСМ: Повторно високи откупни цени за тутнот, исплатени се над 86 милиони евра

20.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ: Повторно високи откупни цени за тутнот, исплатени се над 86 милиони евра

Социјалдемократскиот сојуз, повикувајќи се на соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пренесува дека откупот на тутнoт е целосно завршен.

„Повторно високи откупни цени за тутунот и оваа година, со просечна цена од 214,24 денари по килограм тутн. Она што е важно, досега, исплатени се 98,24 отсто од вкупните количини на предаден тутун, а кон тутунопроизводителите исплатени се над 86 милиони евра за продаденото производство. Рекордната цена од 217,60 денари по килограм тутун за реколтата 2017 година позитивно влијаеше на зголемувањето на производството и зголемениот откуп на тутун“, вели СДСМ преку соопштение.

Владејачката партија констатира дека за реколтата 2018 година склучени се над 4.700 договори повеќе во однос на претходната година, а истовремено, забележано е зголемување на засадените површини со тутн за 387 хекатри повеќе во однос на 2017.

За оваа реколта, додава СДСМ, исто така позитивно влијаа и обезбедените субвенции од 60, 70 и 80 денари по килограм тутун, во зависност од класата.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата