Денеска ќе биде изречена второстепената пресуда за Радован Караџиќ

20.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денеска ќе биде изречена второстепената пресуда за Радован Караџиќ

Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (наследник на Хашкиот трибунал) ќе ја изрече денеска, по три години жалбена постапка, второстепената пресуда за поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.

Изрекувањето на правосилната пресуда, по жалбите на обвинетиот за воени злосторства Радован Караџиќ, е закажано за 14 часот, а медиумите ќе го пренесуваат со задоцнување од 30 минути.

Било какво снимање во живо во зградата на Механизмот е строго забрането од, како што се наведува, оперативни причини.

Хашкиот трибунал во март, пред три години, го осуди Караџиќ на 40 години затворска казна за геноцид во Сребреница и злосторства извршени против човештвото во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.

Караџиќ беше уапсен во Белград на 21 јули 2008 година, а по девет дена беше екстрадиран во Хаг.

Тој долги години се криеше во Србија под лажен идентитет Драган Дабиќ, доктор по алтернативна медицина.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата