Петгодишната ќерка на Ким Кардашјан нашминкана како триесетгодишна девојка

20.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Петгодишната ќерка на Ким Кардашјан нашминкана како триесетгодишна девојка

Семејството Вест уживаше во концертот по мисата во неделата. Иако Канје направи добра атмосфера на сцената, ѕвезда на денот беше неговата петгодишна ќерка Норт Вест. Таа беше среќна што му се приклучи на славниот татко на сцената и сите ги одушеви со своите танцови чекори. Норт Вест носеше црн фустан со бретели кој од страна имаше моден додаток во форма на пердуви, а во комбинација со црни чизми Д-р Мартинс.

View this post on Instagram

NORTH ? #SundayService

A post shared by Kardashian Jenner Kids FanPage (@dashkids) on

Многумина забележаа дека петгодишното девојче има професионална шминка, што го осудија преку социјалните мрежи бидејќи Ким Кардашјан неодамна изјави дека на галеницата ѝ дозволуваат шминка само кога игра додека е дома. „Мислам дека не треба да носи трепки или темен кармин. Сакам да се изрази преку тоа, но важно е да не биде нападно и претерано”, рече Ким (37) неодамна.

Реалити ѕвездата беше многу горда што нејзината галеница добро се забавува, па ги сними нејзините танцови движења и ги објавени на „Инстаграм“.

Ким ѝ го даде името на својата ќерка во договор со уредничката на „Вог“. „Ана Винтур дојде и ни рече дека ова е брилијантно име. Потоа, Канје и јас само се погледнавме и се насмеавме “, изјави тогаш Ким.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата