Стефчо Јакимовски од вечерва заминува во КУЌЕН ПРИТВОР

19.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стефчо Јакимовски од вечерва заминува во КУЌЕН ПРИТВОР

Одреден е куќен притвор за поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски поради злоупотреби со легализација на градежни објекти и државно земјиште.

Обвинителството за организиран криминал бараше притвор, но поради здравствени причини му е одредена поблага мерка односно куќен притвор.

Јакимовски девет часа беше во Кривичнито суд заедно со уште негови двајца соработници вработени во општината, сите осомничени дека ја злоушпотребиле службената положба.

Одделот за сузбивање криминал и корупција при МВР до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против  поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски и четвроица вработени во општината кои во одделите за урбанизам. Поднесена е и кривина пријава за помагање против лицата сопствениците на фирмите ГРОМ дооел Скопје, на ЕМАГ дооел Скопје, ДОТ Мебел ДООЕЛ Скопје и физичкото лице ТК за кривично дело поттикнување во врска со злоуптреба на службената положба.

Како што соопшти МВР, според обезбедени документи во истрагата, Јакимовски како градоначалник на Карпош, T.Ѓ како поранешен раководител на Одделението за недвижен имот и постапка за експорријција во секторот за правни работи во Општината, В.С како виш соработник во Одделението за спроведување на урбанистички планови во Секторот за урбанизам во Карпош, М.Т вработена во Одделението за просторно и станбено планирање и Р.Д вработена како извршител на работи од областа урбанизмот вр архитектонски планирања во Карпош, од од 2011 2017 година ја злоупотребиле својата службена положба и ги пречекориле границите на своите службени овластувања.

Тие иако знаеле дека не смеат, позитивно одговориле на поднесени барањата  ГРОМ Промет, ЕМАГ, Дот Мебел и од физичкото лице Т.К за лгализација на времени објекти – бараки на улицата „Илинденска“ на градежно неизградено земјиште во сопственост на државата, иако објектите согласно законските одредби не смееле да бидат предмет на постапка за легализација на бесправно изградени објекти.

Со потпишување решение за утврдување на правен статус на времени објекти како да се бесправно изградени, на подносителите на барањата им овозможиле да ги запишат во јавните книги како легални објекти во нивна сопственост  и со тоа им дале  ексклузивно право да откупат земјиштето во сопственост на државата.

На ГРОМ промет, му овозможиле противзаконски да стекне имотна корист на градежно земјиште од 1.533 метри квадратни кое како неизградено земјиште во 2016 година имало вредност од 28 милиони денари 450.000 евра.

На ЕМАГ ДООЕЛ Скопје да стекне имотна корист со површина од 722 метри квадратни, кое во 2016 година вредело најмалку 13 милиони денари или 211.000 евра.

На фирмата ДОТ Мебел ДООЕЛ Скопје и на Т.К како физичко лице им е овозможено да се стекнат со ексклузивно право на откуп на државно земјиште под објект по 450 денари за квадрат, иако ако се одржало јавно наддавање, тоа би достигнало цена од 300 евра за квадрат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата