Можел да и биде ДЕДО но, таа одбрала да и биде ЉУБОВНИК. ЕВЕ ЗОШТО

19.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Можел да и биде ДЕДО но, таа одбрала да и биде ЉУБОВНИК. ЕВЕ ЗОШТО

Милојко Божиќ (74) од Пилатович и Милијана Богдановиќ (21) од Лучани во Србија, овие денови се најпознат пар во земјата. Разликата во години од дури пет децении нималку не ѝ пречи на нивната љубов.

Заљубениот пар, кој планира и брак, овие денови ги посетува сите продавници за венчаници и додека шетаат, минувачите се вртат и многу често ги коментираат гласно.

Кога се родила Милијана, Милојко веќе бил пензионер. Тој цел живот работел во Белград, но после пензионирањето се вратил во родното село, каде сосема неочекувано му се случила нова љубов.

„Свадбата е закажана на 7-ми септември. Прво ме привлече неговиот физички изглед. Не сакам млади момци, постари отсекогаш ми се допаѓале. За своите години тој реално изгледа одлично. Не ме интересира кој што мисли и зборува. Милојко го познавам цел живот, соседи сме и одев кај него да му помогнам кога беше болен, тогаш се роди нашата љубов“, раскажува Милица и се присетува на почетокот на нивното запознавање:

„Го знам од мала. На моите 17, неполни 18 години, почнавме да се дружиме. Малку се заљубив, а потоа и тој. Бевме околу една година во врска. Потоа прекинавме, не знам зошто. Потоа требаше да оди на операција за срцето - вградување на бајпас. Во тој момент немаше никој покрај него и тогаш се роди голема љубов.“

Милојко го оперирале во декември, а после неговата операција ништо не може да ги раздели. Велат дека сакаат деца, а колку, уште не се договориле, само се сигурни дека ќе имаат.

На Милијана, како што вели, јасно ѝ е дека на многумина им се трн во око, дека луѓето се сомневаат во нивната љубов и мислат дека таа е со него поради интерес:

„Многумина мислат дека сум со него од интерес, но сè е најнормално. Немаме проблем да кажеме дека неговите вкупни примања се околу 400 евра. Ние двајца живееме во нашата дрвена палата, тука ќе ја поминеме зимата, а напролет ќе почнеме со реновирање на куќата, која Милојко неодамна ја изгради, но која е сосема нормална, нема никаков луксуз“, тврди таа и додала дека ѝ е најважно што нејзиното семејство го прифатило нејзиниот избор.

Заљубениот Милојко потврдува сè што вели неговата Милијана и додава дека ниту во лудило не помислил дека во овие години ќе му се случи ваква љубов.

„Кој би го очекувал тоа. Ме привлече нејзината добрина и убавина“, вели Милојко. 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата