Ердоган го повика Нов Зеланд да ја врати смртната казна

19.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган го повика Нов Зеланд да ја врати смртната казна

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика Нов Зеланд да ја врати смртната казна во правосудниот систем, по масакрот во џамиите во градот Крајстчерч и предупреди дека Турција ќе се погрижи за напаѓачот ако Нов Зеланд го пропушти тоа.

Австралијанецот Брентон Тарант во името на белиот расизам уби 50 верници, додека во петокот се молеа во две џамии во Крајстчерч.

„Исполнети со омраза убивте 50 наши браќа Ќе платите за тоа. Ако тоа не го стори Нов Зеланд, ние знаеме како ќе платите за тоа злосторство на овој или оној начин“ рекол Ердоган на изборен собир пред илјадници луѓе во северна Турција. Тој не објаснил како мисли да го стори тоа.

Ердоган оценил дека Турција погрешила кога пред 15 години ја укинала смртната казна и додал дека Нов Зеланд треба да почне постапка за враќање на казната во својот конзервативен систем.

„Ако Нов Зеланд не донесе таква одлука, ќе продолжиме да ги уверуваме во тоа. Ќе преземеме потребни акции“ рекол Ердоган.

На собир за кампања за локални избори, на кои неговата владејачка партија се бори за победа, Ердоган покажал снимка од масакрот во Крајстчерч, што извршителот го емитуваше на Фејсбук, како и извадоци од манифестот на Тарант.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата