Викендичка и две возила опожарени во шумски пожар кај Маркова сушица

19.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Викендичка и две возила опожарени во шумски пожар кај Маркова сушица

На патот кон Маркова сушица во попладневните часови на 18 март настанал пожар при што горела нискостеблеста шума.

Од МВР информираат дека кај нив било пријавено оти во пожарот била опожарена викендичка, сопственост на 76-годишен скопјанец, а биле зафатени и возила „хонда“ и „дефендер“ на 65-годишник од Скопје.

Пожарот бил изгаснат, а на местото на настанот се врши увид.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата