Арачиновец со „голф“ удрил полицаец кој сакал да го легитимира за сторен прекршок

19.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арачиновец со „голф“ удрил полицаец кој сакал да го легитимира за сторен прекршок

На скопскиот булевар „Крсте Мисирков“, во попладневните часови на 18 март полициски службеник бил удрен од автомобил „фолксваген голф“ со скопска регистрација, управуван од 28-годишен арачиновец.

Како што информираат од МВР, при обид на полицијата да го легитимира возачот поради сообраќаен прекршок, тој одбил и со возилото удрил еден до полицајците.

Арачиновецот е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата