10.000 ГРАЃАНИ НА ПРОТЕСТОТ СО ПОРАКА - ЖИВОТ НА ВЕРЕСИЈА, народ трпи за леб (ФОТО)

9.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
10.000 ГРАЃАНИ НА ПРОТЕСТОТ СО ПОРАКА - ЖИВОТ НА ВЕРЕСИЈА, народ трпи за леб (ФОТО)

Започна првиот во најавената серија тематски протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ, против покачувањето на електричната енергија.

Како што најави партискиот лидер, Христијан Мицкоски, протестот почна пред Министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторна комисија за енергетика.

„Имаме скапа струја, а сиромашен народ. Тоа е првата причина за која ќе протестираме“, рече Мицкоски во понеделникот, кога ги најави протестите.

Од партијата очекуваат дека Владата ќе реагира во рок од неколку дена, а доколку тоа не се случи протестите ќе продолжат. Бараат и оставка од Марко Бислимовски од Регулаторната комисија за енергетика.

Струјата од неодамна е покачена за 7.5 отсто. Според ВМРО-ДПМНЕ ова е нереално покачување и товар за граѓаните.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата