Могерини: Демократски и слободни претседателски избори треба да се приоритет за Владата

19.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Могерини: Демократски и слободни претседателски избори треба да се приоритет за Владата

Премиерот, Зоран Заев својата работна посета на Брисел денеска ја започна со средба со потпретседателката на Европската Комисија и висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Како што информираат од владината прес-служба, Заев на средбата ја изразил својата лична благодарност за одржувањето на Советот за Стабилизација и Асоцијација во значаен период за Република Северна Македонија.

Премиерот од Могерини добил охрабрување пред јуни годинава државата да ги спроведе преостанатите мерки за комплетирање на реформите предвидени со заклучоците на Европскиот совет од јуни минатата година.

„Учесниците на денешната средба во Брисел се согласија дека успешното спроведување на фер, демократски и слободни претседателски избори е клучно и приоритетно за Владата. На средбата, исто така беше истакнато дека сите очекуваат конструктивен пристап и учество на опозицијата во изборите, како и во реформските процеси“, стои во владиното соопштение.

На средбата присуствувале и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата