(Видео) Јакимовски: Не им се плашиме

19.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Јакимовски: Не им се плашиме

Ексградоначалникот на општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при излез од старата во новата зграда на Кривичниот суд во придружба на полицијата, покажа два прста и извика: „Ќе ги тепаме, не им се плашиме“, но не одговори на кого точно мисли.

Јакимовски утрово беше уапсен и изведен пред судијката на претходна постапка Весна Димишкова и ја чека одлуката дали ќе му биде определен притвор.

Заедно со Јакимовски беше и неговиот сопартиец Виктор Цветковски.

Јакимовски и уште неколку лица се осомничени дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, додека едно од лицата е осомничено за кривично дело бесправно градење.

Во периодот од 2011 до 2017 година вработени во Општина Карпош на чело со тогашниот градоначалник Јакимовски  легализирале бараки во сопственост на фирми и на тој начин им овозможувале да се стекнат со државно земјиште по багателни цени. Вака накратко од Министерството за внатрешни работи ја објаснија кривичната пријава поднесена против Јакимовски и уште четворица вработени во Општината.

Кривични пријави се поднесени и против управителите на три фирми и едно физичко лице. Станува збор за времени објекти во општина Карпош, на улицата Илинденска,  кои биле во сопственост на фирмите.

извор makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата